ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Повремено врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Температурата ќе се движи од 1 до 15 степени.