ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 31 степен. УВ=5.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. T = 25 °C, P= 981 hPa, U= 86 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 8 Штип, 7 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 6 Скопје-Петровец, 4 Виница, Берово, 3 Крива Паланка, 2 Маврово, Лазарополе, Охрид, Битола, 1 Тетово, Дебар.