ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. УВ=6.

Температурата ќе се движи од 5 до 26 степени.

 

 

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.