ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=8.

 

 

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер со температура до 33 степени.

Следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во натамошен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.