ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 3 до 16 степени.

 

 

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер.

За во четврток се очекува минимална температура 4°C до 10°C, додека максималната ќе биде до 11°C.

За во петок се очекува минимална температура од 3°C, облачно и студено време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.