МНТ: Комуникациска современа музичка драма “Само глас” од Нина Плавањац

Сподели

 

Комуникациска современа музичка драма – Само глас од Нина Плавањац
Превод на текстот: Звездана Ангеловска
Превод на сонговите од англиски јазик: Елена Китановска
Режисер, композитор, сценограф и дизајнер на светло: Марјан Неќак
Видеодизајнер: Марин Лукановиќ
Костимограф: Наташа Павлиќиќ
Дополнителни снимки: Bigwavemaster1 и Happy Falcon Crew
Благодарност за: Иво Ковачиќ, Ервин Сантјаго, Грем Хејтли и Андреи Котелес
 
Времетраење: 78 минути без пауза
 
„Само глас“ е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.
Таа е позната актерка која ја губи сопствената доверба и е напуштена од многу помладиот партнер балетан на кого му помогна да ја создаде кариерата. Останува осамена и затворена во својот стан, кој не го доживува како сопствен дом, а единствено друштво ѝ прави само чудниот пајак миленик Тарантула, кој ѝ остана од бившиот партнер. За неа нема надеж дека ќе може повторно да доживее наивна љубовна младост, сега како тоа да е само минато. Во очајна потрага по љубов и афирмација преку интернет го запознава Него, кој наизглед ги опфаќа сите архетипови на совршен маж – спасител, обожавател, љубовник и татко. На почетокот пристоен и слаткоречив тој многу брзо ја стекнува нејзината доверба и таа развива фикција над него, убедена дека во него ќе најде мир, што нејзе најмногу ѝ недостига. Меѓутоа, кога ќе го притисне и кога ќе сфати дека тој не ја говори вистината, Тој во бес ѝ открива дека, всушност, бил реквизитер во театарот каде што таа работела и дека бил многу години опседнат со неа. Додека ја привлекува и ја шармира тој ја дознава нејзината најголема и најчувана тајна – дека таа го остава својот бивш кога доживеал несреќа, и за нејзиниот бивш партнер тоа значело запечатување на неговата кариера. Тој започнува да ја уценува и да ја третира како роба, бидејќи само така може да го добие нејзиното целосно внимание.
Сепак, го спречува неговото его да увиди дека Таа глумејќи и манипулирајќи повешто од него го вовлекува во замка.
На крајот таа успева да се избори за својата слобода и се обидува да научи да го живее животот сама.
Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот за изведбите е 300,00 ден.