ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Наутро студено, на повеќе места со негативни температури и со услови за слаба утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од -4 до 17 степени.

Од четврток облачноста ќе се зголеми и во наредните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла.