Алтернатива Настани

ЕДУИНО ВЕБИНАР: Креирање ресурси за хибридна и асинхрона настава за предучилишно/основно образование

Сподели:

 

 
 
 
После два успешно реализирани вебинари, ЕДУИНИ ви го најавува третиот по ред, од предвидените 10 ЕДУИНО-вебинари кои се дел од овој актуелен циклус.
 
Интересот е огромен, нашите статистики покажуваат дека темите кои ги селектиравме целосно одговараат на вашите потреби, за тоа зборува импозантната посетеност на над две илјади и петстотини слушатели на првиот вебинар.
 
“Навистина не радува фактот што и оваа година креиравме програма која е создадена за да го дополни вашето знаење и којашто успеа да предизвика висок праг на учество. Уште еднаш ве потсетуваме, дека секој кој ќе учествува во вебинарите всушност ќе одвои време за напредок во својата кариера и стекнување на вештини кои ќе му помогнат да прерасне во подобар едукатор, цел кон која сите заедно се стремиме и ја посакуваме!” – изјавија од ЕДУИНО.
 
#наменето за: наставен кадар од предучилишно и основно образование
#датум: 01.11.2021
#време: 18:00-19:00
#работен јазик: македонски
#учество: бесплатно, со регистрација
#линк за регистрација преку ZOOM: https://cutt.ly/5RI8tH1
#напомена: настанот ќе може да се следи и преку YouTube
 
Овој вебинар е наменет за наставници од основните училишта, како и за воспитувачи на деца од предучилишна возраст кои веќе имаат одредено искуство во користење на дигитални алатки во наставата (средно ниво). На почетокот слушателите ќе се запознаат со хибридното и комбинираното учење како дел од е-учењето, кои се нивните сличости, разлики, ограничувања и предности. На предавањето ќе бидат потенцирани трендови на ваквиот вид настава кај нас и во светот.
 
Во вториот, практичен дел, ќе бидат презентирани четири конкретни дигитални ((доаѓа од Phygital (Physical and Digital)) алатки за креирање на интерактивни содржини H5P, Mathigon, Geogebra и Nearpod, како и веќе креирани интерактивни содржини со нив. Исто така ќе бидат презентирани и насоки во кој вид настава и како да се користат посочените помошни наставни компоненти.
 
Сите информации за ЕДУИНО Вебинарот можете да ги проследите на следниот линк
Сподели: