ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро и утринските температури кои се движат од -3 до 7 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и топло време со пораст на максималните температури кои ќе го надминат просекот за овој период од годината и ќе достигнат до 14
односно до 25 степени. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб источен и понекаде североисточен ветер. УВ индексот денес ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе имаме сончево и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени. УВ индекс 6

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник потопло утро со утрински температури од -1 до 7 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и топло време со максимални 16 односно 26 степени. Во среда претежно сончево време со локална облачност и топло време. Утринските од 2 до 10 степени, а дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени. Во четврток сончево и топло време со максимални температури од 16 до 26 степени. Претежно сончево со појава на локална облачност не очекува во петок и благо опаѓање на дневните температури од кои ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени.
Weather4all.com.mk