ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од -6 до 5 степени.

Во Скопје дневната температура ќе биде 3 степени, Крива Паланка 0, Маврово -6, Битола 0, Охрид 1, Берово -1, Кавадарци 3, Дојран 5.

И утре и задутре времето ќе биде сончево и студено со дневни температури од -1 до 7. Временската прогноза за вo сабота е: променливо облачно и ветровито, со повремени врнежи претежно од снег, особено на северот и западот од земјава, прогнозира УХМР Македонија.