Алтернатива Настани

Акција за донирање облека 9. и 10. април: Women Helping Women

Сподели:

„Една Може“, организацијата на самохрани родители, во соработка со Фејсбук групата Хроно Исхрана, организира акција за собирање облека.

Сите луѓе кои имаат гардероба која повеќе не им е потребна или не можат повеќе да ја користат, ги повикуваат да ја подарат. Облеката треба да биде доставена исчистена и здрава, во просториите на „Една може“, кај Цветен пазар. Акцијата ќе трае во недела и понеделник (9 и 10 април), а официјално се затвора во понеделник во 20 часот.

Организацијата потоа ќе ги распредели алиштата на семејствата на кои им се најпотребни. Воедно, ќе биде започнат и проектот One made-handmade, во кој ќе се прекројува и преработува гардероба под менторство на познати дизајнерки и самохрани мајки, а под покровителство на Комерцијална Банка.

Сподели: