Временска прогноза – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес (10.04 2022 год.): Облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, локално проследени со грмежи. На планините над 1200 мнв во западните и северните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: облачно со повремен дожд, повремено пороен. Ќе дува засилен северен ветер. T= 9 °C, P= 969 hPa, U= 75 %, V= 9 m/s.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Температуратурата ќе се движи од -5 до 16 степени.