Временска прогноза – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Температурата ќе се движи од -2 до 9 степени.

 

 

И утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.