Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Согласно Европската конвенција за човекови права, ваквите проекти не се предмет на државен надзор

Сподели:

 

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, за МИА како одговор на прашањето во врска со отворањето на културниот центар во Битола, “Ванчо Михајлов”, вели дека Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапот.

„Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор“, вели премиерот Ковачевски.

Премиерот истакнува дека тој пристап е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи тоа е нашиот белег и како држава и како општество.

„Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања“, вели премиерот Ковачевски.

Сподели: