Временска прогноза – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. УВ=7

Температурата ќе се движи од 5 до 32 степени.

 

 

Во следните денови ќе се задржи многу топло време со максимални температури над просекот за овој период од годината (вторник 35, среда 36, четврток 34 степени), во кои во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.