7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната температура од 7 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната температура до 14 степени.

И утре ќе се задржи променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Сподели: