7 дена Вести

Врнежи од дожд, а на планините снег

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

 

 

Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне 14 степени. 

Сподели: