Втор Меѓународен Конгрес на медицинските сестри во Струга

Сподели

 

Свеченото отварање на вториот конгрес на медицинските сестри ќе се одржи на 13 октомври, со почеток од 18 часот, во фоајето на хотел „Дрим“ во Струга.

 

Официјалното започнување на вториот конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри со меѓународно учество е закажано за 18:30 часот во конгресната сала на хотелот.

Оваа година Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ за првпат како рамноправна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри го организира овој голем едукативен настан на тема: „Здравствената нега – научна дисциплина“.

За првпат ќе бидат доделени и одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра – Славјанка Влахчева.