Вучиќ доби речник од албански новинар за подобро разбирање во иднина

Сподели

 

Претседателот на србија, Александар Вучиќ доби подарок со посвета, од дописникот на албанската телевизија „Клан“, Идриз Сефери.

„На неговата екселенција претседателот Александар Вучиќ мојот личен речник за подобро разбирање во иднина, отколку во минатото“, пишува во посветата, на речникот кој му го подари при интервјуто кое го водеше со Вучиќ за телевизијата „Клан“.

 

 

По разговорите со претставниците со Српска листа пред изборите во Косово, Вучиќ на прес-конференција прочита документ на централната изборна коммисија во Косово, на албански јазик, и се пошегува со Сефери дали сѐ добро изговорил.

Фотографијата од посветата и врачувањето на книгата ,Вучиќ ја објави на Инстаграм.