Вучиќ ја презеде должноста претседател на Србија

Сподели

Александар Вучиќ денеска положи заклетва во Собранието на Србија и ја презеде должноста шеф на држава.

Заклетвата ја положи на Уставот на Србија и на Миросавлевото евангелие.

– Се колнам дека сите свои сили ќе ги посветам на зачувување на суверенитетот и целата територија на Република Србија, вклучително и на Косово и Метохија, како нејзин составен дел, како и остварување на човековите и малцинските права и слободи, почитување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Република Србија и дека совесно и одговорно ќе ги исполнувам сите свои должности, посочи Вучиќ.

Вучиќ е избран за претседател на Србија во првиот круг oд изборите на втори април со освоини околу 56 отсто од гласовите односно со поддршка на повеќе од два милиони гласачи.