Вучиќ: Во Србија пристигна новиот лек против коронавирус

Сподели

 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска соопшти дека во неговата земја пристигнал лекот за корона вирусот,од американската компанија МСД.

-Она што го држам во рака е новиот лек. Тоа се таблети, а една кутија е доволна за пациент. Имаме за 11.500 луѓе, а ќе има 50.000 луѓе“, рече Вучиќ во видео-обраќањето објавено на Инстаграм профилот. на „Будуќностсрбија“.

Тој посочи дека овој лек им помага на луѓето во првите пет дена по позитивниот тест на коронавирус, а е наменет пред се за најранливите – оние со прекумерна телесна тежина, дијабетичари и кардиоваскуларни пациенти.

„Лекот спасува животи, спречува смртност во огромен процент“, рече Вучиќ.

 

 

Вучиќ најави дека американскиот лек „Pfizer“ се очекува во првиот квартал од следната година.

„Се повеќе има во таблети, а тоа ја покажува нашата грижа за луѓето“, рече Вучиќ и ги замоли сите лекари во Србија да го користат лекот што пристигнал во земјава, а тоа е лек произведен од МСД. Го купивме во САД, а во Европа заедно со нас го купија само Данска, Литванија и Словенија. Животот и здравјето на луѓето немаат цена“, рече Вучиќ.