За посета на Националниот парк Галичица треба да се пријавите

Сподели:

Поради зголемената опасност од појава на шумски пожари, а согласно препораките на Владата на РС Македонија и во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се воведува забрана за движење во шумите на територијата со која управува Јавната установа Национален парк Галичица.

Забраната ќе биде во сила од 1 јули до 31 август.

Во овој период, движењето низ шумските подрачја ќе биде дозволено исклучиво согласно пропишаните правила и процедури на ЈУ Национален парк Галичица.

Овие мерки се воведуваат со цел да се заштити природното богатство на паркот, да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари и да се обезбеди безбедност за сите посетители.

Како да ја пријавите својата посета? Пополнете ја електронската форма и ќе добиете автоматска е-мејл потврда, која треба да ја зачувате и да ја прикажете на овластено лице доколку биде побарана.

Вашата регистрација значи одговорност и придонес за зачувување на шумите и биодиверзитетот на Галичица.

Пријави се на следниот линк

Сподели: