Лилјана Ристевска е избрана за претседателка на Црвениот крст

Сподели:

На 29 јуни 2026 година, Црвениот крст на Република Северна Македонија ја одржа Конститутивно-изборната седница на Собранието, со што официјално започна новиот четиригодишен мандат на највисокиот орган на организацијата.

На седницата присуствуваа новоизбраните делегати на Собранието, претставници на општинските организации на Црвениот крст, како и соработници на организацијата. Во согласност со Статутот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, беа верификувани мандатите на делегатите на Собранието и беа избрани органите и телата предвидени за новиот мандат.

Со одлука на Собранието, за претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија за новиот четиригодишен мандат е избрана д-р Лилјана Ристевска. За потпретседатели на организацијата се избрани Билјана Костова и Фатби Османи.

Сподели: