Вести Став Ударни вести

За што, по ѓаволите, служи македонскиот парламент?! – Џабир Дерала

Сподели:

 

Навистина, за што служи највисокото законодавно тело во оваа земја? Избираме цели 120 луѓе. Тоа се добро платени функционери… Aко само малку мрднат, па и да не мрднат со задникот, добиваат одлични дневници, имаат убави и скапи коли на располагање, бифето им е поевтино отколку дома да готви човек или од продавница да купи пијалак… Седат во удобни фотелји, одат по пространи ходници, секаде е чисто и уредно, добро затоплени во зима, разладени во лето…

***

За што, бре?!?!

За да не работат! Ниеден важен закон не го донесоа како што треба и кога треба. Ниедно барање на јавноста не го разгледаа.

Се напикаа по комисии (и за тоа има дневници), си кројат мнозинства како ќе им текне, само за да блокираат или да спасуваат криминалци од притвор, а не да врви работата!

Први се да гласаат за своите привилегии. Верно, како ловџиски пци, се бранат меѓу себе (најмногу оној, ликот во Будимпешта или оној што ни дојде од Швајцарија), а ако некој се „одметне“ од нивниот чопор, го мразат до смрт. Класични фашисти има меѓу нив. За своите или интересите на своите фирерчиња, способни се да „отворат врата“ против своите колеги, против новинарите и против целата земја. А после да сменат страна, за да спасат кожа, а Заев да ги „почести“ со тендери и пат до Ватикан, спремни се, секако.

За неработа им даваме гласови, за неработа трошат тешки милиони евра, што ги грабаат од скромните трпези на граѓанките и граѓаните, за да организираат избори кога ќе им прдне на умот. За неработа! И криминал! И да изигруваат величини, демек, претставници на граѓанките и граѓаните. На што личи ова, бре?!

***

Значи, за тоа ги гласаме. Да им служиме како отворено ќесе со сребреници, да им служиме за да си играат со нас, да бидеме нивното буре без дно.

Треба да знаат… Фотелјите не се вечни, а правдата, колку и да се трудат да ја осуетат и да ја избегнат, е тука, до нив.

ПС. Знаете дека не мислам на сите. Секоја чест на прекрасните исклучоци меѓу пратеничките и пратениците. За жал, исклучоците се во малцинство.

Целиот текст на Дерала можете да го прочитате тука

Сподели: