Забраната за политичко рекламирање е чекор кој наговестува авторитарен режим

Сподели:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар МЕЦИНОВИЌ, на денешната прес-конференција истакна дека забраната за политичко рекламирање Левица нема да ја сфати како пресудна пречка во оваа кампања.

Во следните дваесет дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и јавните претпријатија. Посочи дека постои план за нивна приватизација пд страна на власта:

– „Ако ни биде доверен мандатот во Советот на Град Скопје и на позицијата градоначалник, првото нешто што ќе го направиме е да се симнеме кај работниците. Со сите работници на јавните претпријатија ќе седнеме и ќе разговараме за условите во кои тие работат“, рече Мециновиќ.

Во однос на забраната за политичко рекламирање Мециновиќ истакна дека ваквите мерки се сериозен удар врз демократијата и е само еден чекор кој наговестува авторитарен режим.

„Ние можеби сме навикнати на распаднат концепт на демократија, но европските партнери се вчудоневидени од ваквиот однос на власта. Ваквиот потег ќе биде нотиран и во извештаите на ОБСЕ и Европската комисија.

Нашите пријатели од Европскиот парламент и од Австрија беа вчудоневидени од методите што ги користи овој режим. Вакви методи на континентот не се познати од седумдесеттите години. Вакви методи на репресија! И ова е само увод во тоа што понатаму може да се случи,“ порача Мециновиќ.

Сподели: