Задолжително пензионирање на возраст од 64 години и 15 години пензиски стаж

Сподели

 

 

Пратеничката група на СДСМ во процедура го достави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, со што се создаваат услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор и се отвораат нови можности простор за вработување на млади кадри..

Заедно со овој Предлог-закон, доставен е и Предлог законот за измена на Законот за администрација, со што целосно ќе бидат опфатени сите вработени во државниот и во приватниот сектор.

Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање на 64 години возраст 15 години пензиски стаж ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст.

Со цел да се обезбеди одреден преоден период, сите оние што до 31 август 2020 година поднеле барање за продолжување на договорот за вработување, предвидуваме нивниот договор да важи до истекот на времето за кое е предложен, односно до исполнување на рокот даден со претходното барање, соопштуваат од СДСМ.