Вести Изјави Македонија Ударни вести

Заев: Илјада нови домаќинства ќе се приклучат на градското парно во Општина Гази Баба

Сподели:

 

Премиерот Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид на неколку тековни проекти што се реализираат во оваа општина. Успешната соработка помеѓу Владата и локалната самоуправа е клучна за да се обезбедат услови за подобар живот на сите граѓани.

Во општината се реализира заеднички проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа. На овој начин ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од градот.

„Еден од стратегиските определби на Владата на Северна Македонија е поддршката на единиците на локалната самоуправа за нивна целосна финансиска независност. Со максимална децентрализација на власта создаваме услови за да го обезбедиме тоа што го очекуваат граѓаните непосредно од нивните општини: Пристоен, достоинствен живот, со сите подобности директно во нивната локална заедница.

Оваа година влегуваме во реализација на уште еден заеднички проект од посебен интерес на граѓаните на Гази Баба, односно на населеното место Хиподром.

Заедно со Електрани на Северна Македонија, односно со нивната подружница „Енергетика“ околу 1.000 домаќинства и деловни објекти ќе се приклучат на мрежата за топловодно греење во Хиподром и во повеќе други населени места.

Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години.

Со ова проширување на топловодната мрежа во Гази Баба се очекува голем бенефит за граѓаните како што се намалување на потрошувачката на струја за домаќинствата приклучени на системот, стабилно и современо загревање на домовите, како и намалување на причинителите на аерозагадувањето.

Ќе се создадат предуслови и за дополнително проширување на секундарната топловодна мрежа, како и можности за нови приклучоци и поголем опфат на домаќинства во иднина – изјави премиерот Зоран Заев.

Сподели: