Вести Македонија Ударни вести

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Сподели:

 

“Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави”, рече премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

 

 

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Сподели: