Вести Македонија Ударни вести

Заев: Блокадата на преговорите со ЕУ беше многу нефер

 

Пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, по повод 70 годишнината од постоењето на Алијансата, имавме продуктивна средба со поранешните високи функционери и амбасадори на НАТО и ЕУ, членови на Охридската група – изјави премиерот Заев.

 

 

Со посветените пријатели и поддржувачи разговаравме за идните заеднички иницијативи за афирмација и меѓународна видливост на Северна Македонија, која наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО.

Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка суверена одлука, донесена со консензус во 1993.

НАТО членството значи безбедност, стабилност и сигурност, како главни предуслови за економски развој и просперитет на нашата земја и граѓаните во друштво на најмоќниот безбедносен сојуз во светот” – изјави Заев.

На новинарското прашање за блокадата на Франција, по конференцијата „НАТО се ангажира“ на маргините на лидерскиот самит на НАТО во Лондон, премиерот Заев изјави:

-“Ова беше многу нефер за нас, ние сме кандидати за ЕУ петнаесет години, сите 28 земји членки потврдија во Советот на ЕУ дека сме ги исполниле реформите, најдовме решение со Грција и Бугарија, го сменивме нашето уставно име и одлуката дека на ЕУ и е потребно повеќе време беше многу дестабилизирачка за нас, многу бевме разочарани, но ние продолжуваме со реформите и се надевам дека оваа грешка ќе биде поправена многу скоро” – изјави Заев.

Сподели: