Алтернатива Настани

Скопска зоолошка добива детски „Авантура парк“

Сподели:

На пролет, Зоолошка градина Скопје ќе биде збогатена со уште една содржина која ќе ги анимира најмладите посетители.За првпат кај нас ќе се изгради детски „Авантура парк“ со адреналински и рекреативни содржини за деца.

 

 

Сакаме Скопје да го има овој парк.
Многу европски и светски метрополи имаат авантуристички
паркови во природа.Тоа е парк кој служи истовремено за забава и физичка активност за деца над петгодишна возраст.

 

 

Ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизивик- лавиринти, дрвени
куќарки, јажиња со препреки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност.

 

 

Со децата ќе работат луѓе кои се обучени за тоа. „Авантура парк“ ќе биде донација од Агенцијата за млади и спорт, а со директорот Дарко Каевски и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов
одлучивме бесплатно да го отстапиме на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години.
Проектот е во изработка и се надеваме дека на пролет,
Скопје ќе го добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

 

 

Сподели: