Вести Македонија Ударни вести

Заев: Членовите испишаа историја – следува нова политика

Сподели:

 

Прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев

“Сакам да изразам огромна благодарност на членовите на СДСМ, за довербата која ми ја дадоа преку масовниот одsив на првите директни внатрепартиски непосредни избори за претседател. Mакедонските социјалдемократи ставија свој потпис и печат на нивната доверба во мене.

Се обврзувам пред вас, ќе сторам се’ достојно да ја предводам СДСМ и во наредниот период. И во следните четири години СДСМ да остане одлучувачка сила и моќен погон, локомотива кој ќе го движи целото општество напред и само напред!

Ја користам приликата, во првите мигови од мојот реизбор за Претседател на СДСМ уште еднаш јавно да се обврзам: следува НОВА ПОЛИТИКА.

Следува сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија во нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започната борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани.

Сите заедно ќе продолжиме по патот кои заедно започнавме да чекориме. Станаваме полноправна членка на НАТО Алијансата, се движиме кон полноправно членство и во ЕУ. Продолжуваме да ја градиме нашата Татковина во дом за сите граѓани, просперитетна и европска земја”.

 

Сподели: