Зоран Заев е избран за претседател на СДСМ со 59.000 гласови

Сподели

 

Гласањето за време на првите непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, е регуларно и успешно завршен, соопштуваат од партијата. 

“СДСМ спроведе транспарентен, демократски внатрепартиски изборен процес согласно сите статутарните одредби и одредбите од Правилникот. На сите 237 избирачки места во сите 80 општини, во период од 08 часот до 19.00 часот. Она што е многу важно, директните внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници, со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.

Oд вкупно запишани во избирачкиот список 68.990 активно регистрирани членови, денес до 19.00 часот излезноста на првите непосредни внатрепартиски избори беше 90%

Согласно првичните резултати од 237 избирачки места пристигнаа резултати за 227 избирачки места и од досега пребројаните гласачки ливчиња за кандидатот Зоран Заев гласале 59.240 гласачи, 865 против и има вкупно 277 неважечки ливчиња.

Согласно бројот, односно процентот на преброени гласови, имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите, на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев”, соопштуваат од СДСМ.