Вести Изјави Македонија Ударни вести

Заев: Доколку Мицкоски има докази за вмешаност на функционери од СДСМ во РЕКЕТ да ги пријави во надлежните институции

Сподели:

 

Истрагата на јавното обвинителство треба да каже дали Катица Јанева е злоупотребена во случајот “Рекет” или покрај двајцата осомничени и таа е инволвирана во целиот случај – изјави премиерот Зоран Заев.

Премиерот смета дека целата истрага не треба да влијае врз кредибилитетот на СЈО, туку дека целата истрага покажува дека во нашата земја законите се еднакви за сите.

Тој го повика лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, доколку има доказ дека двајца вискои функционери на СДСМ се вмешани во случајот Рекет, да ги пријави во надлежните институции.

По најавите дека Мицкоски нема да се појави на лидерската средба, Заев вели дека нема логика да бараш предвремени избори, а да не дојдеш на состанок на кој што ќе се разговара за изборниот законик.

Сподели: