Вести Македонија

Заев: Иванов побара 61 потпис за мандатот, согласно тоа ќе ги донесеме нашите одлуки

Сподели:

Изјава на Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,

Денеска бевме овде присутни по повик на Ѓорге Иванов и неговиот кабинет. Дојдовме за да го добиеме мандатот, за да се обидеме да формираме Влада. На самиот состанок беа разговарани сите детали и ни беше укажано дека како второпласирана партија со број на мандати, не можеме да добиеме мандат за формирање на Влада.

 

Укажувањето беше дека треба да докажеме ние дека имаме мнозинство, согласно Уставот, за формирање на Владата, а тоа е 61 пратеник најмалку – како доказ со својот потпис да биде доставено до кабинетот на Ѓорге Иванов, со што дури тогаш ќе добиеме мандат за формирање Влада.

Тоа се деталите од разговорите. Согласно тие детали ние ќе ги донесеме нашите одлуки и согласно тоа, секако, ќе ја информираме јавноста, за начините на коишто понатаму ќе постапиме.

 

Сподели: