Заев: Кампањите се од јавен интерес, а не политички или владини

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека во следниот период ќе разговара со медиумските работници, како да се овозможи кампањите од јавен интерес да бидат пласирани во медиумите. Премиерот изјави дека станува збор за кампањи од јавен интерес, а не политички и владини.

Заев како пример ја наведе потребата на Владата од јавна кампања за подигање на свеста за имунизација против ковид-19, или информирање за време на некои природни катастрофи.

Зошто на пример, Европската Унија и УНИЦЕФ можат да имаат кампањи од јавен интерес, а Владата да не може? Според него, ќе се работи по јасно утврдени критериуми кои ќе бидат поставени и мониторирани од медиумите.

„Коректив ќе биде „будното око“, за да не се случат работи како од минатото. Не се работи за политички или владини кампањи, туку од јавен интерес. Државата е должна да го информира населението и за одредени природни катастрофи, пожари, кои што информации можат да спасат животи. Како да го информираме населението за потребата од вакцинација, кога само 50 проценти имаат позитивен став за тоа?“, рече Заев.

Низ разговори со медиумски здруженија, медиумиски работници, експерти, треба да се најде решение, како да се зајакне работата на медиумските работници, функционирањето, стабилноста и независноста на новинарите. Како опција го најави Фондот за истражувачко новинарство во борба против корупцијата, нови продукции кои ќе третираат образовни, еколошки теми, додаде Заев.