ЗАЕВ: На референдумот одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат

Сподели

 

“На референдумот за името на 30. септември одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат и дека огромното видливо мнозинство на референдумот ќе ги даде насоките на пратениците”, изјави премиерот Заев.

-“Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, она што е нивна определба, е правец по кој ќе се движат политичките состојби во Македонија. Нашите одлуки се безвредни ако граѓаните не ги поддржат и гласаат, тие го имаат последниот збор.”

Тој го повтори ставот дека референдумот за името како идеја потекнува од ВМРО-ДПМНЕ уште пред 12 години.

– Јас ќе излезам на 30 септември и ќе гласам „за“. Треба и другите политички лидери да ги кажат своите ставови затоа што водиме политички субјекти, наша одговорност е да носиме одлуки и да им ги соопштуваме на граѓаните. Ако мнозинството од гласови на референдумот се „против“ тогаш ние ќе го поништиме Договорот со Грција, но ако мнозинството се „за“ тогаш ние треба и ќе ја следиме насоката која граѓаните ни ја даваат – рече Заев.