Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Заев: Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!

Сподели:

 

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, премиерот Зоран Заев упати честитка до граѓаните на РС Македонија.

“Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато.
 
Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост.
 
Нашите борци од народно-ослободителната војна и сите претходни генерации, што ги вградија своите дела и животи во слободата, ни ја дадоа државата како дом за сите, како дом на слободата.
 
Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество.
 
Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите!
 
Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато.
 
Да ни биде вековита Република Северна Македонија! Да живее слободата.”
 
Зоран Заев
Сподели: