Вести Македонија

Заев повика на брзо спроведување на итните реформски приоритети

Сподели:

 

Премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија ја има поддршката од Европската унија и тоа треба да го искористи за да ги спроведе итните реформи со цел до крајот на годината земјата да добие безусловна препорака, а во наредната година и датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој во обраќањето на почетокот од тематските консултации во Владата побара и поддршка за процесот на реформите и најави инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени сите чинители, од Собранието, опозицијата, институциите, граѓанскиот сектор. Тој нагласи дека ќе бидат поставени реални цели со одредени рокови, а огромен дел, според него, зависи од политичката и од општествената желба или волја, а не само од закони.

Сподели: