Путин и Ердоган разговараа за проектот Турски тек

Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека енергетиката во меѓународните односи не треба да биде причина за судири, туку единствено средство за мир, и дека „проектот Турски тек е најдобар пример и симбол на она врз што се заснова надворешната политика на Турција”, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, кој денес го посети бродот за полагање на цевки ‘Pioneering Spirit’ во рускиот град Анапа. Ердоган во разговорот со Путин се осврна на проектот на Турски тек.

Нагласи дека ваквите проекти придонесуваат кон јакнењето на економските и политичките односи на двете земји и дека поради тоа нивното место е посебно. Порача дека за проектот на Турскиот тек е вложен голем напор и дека не било ниту малку лесно.

„Русија, со богатите извори на плин и многу силна инфраструктура е многу важен енергетски актер во регионот. Истовремено, Руската Федерација на планот на енергетскиот сектор е наш доверлив и стабилен партнер. Одлучивме да ги зајакнеме и продлабочиме нашите односи”, нагласи Ердоган.

Додаде дека благодарејќи на проектот на плиноводот на Турскиот тек на рускиот гас во Турција ќе биде испорачуван без додир со системот на испорака на било која земја.

„Овој проект има историско значење. Тоа е резултат на една сеопфатна работа. Се работи за чекор во рамките на кој ќе бидат извршени бушења на длабочина од 2.200 метри. Тоа е први таков чекор во светот и поради тоа е важен”, нагласи турскиот претседател Ердоган.

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека соработката помеѓу неговата земја и Турција е на многу завидно ниво и дека Русија заедно со Турција спроведува многу значајни проекти.

„Пред седум месеци помеѓу владите на нашите земји е потпишан договор за проект на плиновод на Турски тек. Пред неколку месеци започнавме со проектот на изградба. Тоа го остваривме благодарејќи на вашата поддршка, на што сум ви многу благодарен”, порача Путин.

Нагласи дека наредната годна ќе биде завршен првиот дел на проектот, додека 2019. година ќе биде завршен остатокот.

Упати благодарност до Турција со оглед дека Регулаторната агенција за енергетика на Турција издала лиценца за производство на електрична енергија во нуклеарната централа Акују на период од 49 години.

Претседателот Путин на почетокот на февруари оваа година одобри договор со Турција во врска со проектот за изградба на гасоводот Турски тек.

Турски тек, за кој рускиот претседател Путин деталите ги откри 2014 година за време на посетата на Турција, би требало да транспортира гас од Русија под Црното море до турскиот регион Тракија.

Една линија со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри, се очекува дека ќе доставува плин во Турција а другата линија во Европа.