Вести Изјави Македонија Ударни вести

Мицкоски денеска ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата

Сподели:

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека денеска во Собранието ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата, доколку премиерот Зоран Заев не го исполни ветувањето и поднесе оставка.

“Во понеделник во 14.30 часот ја поднесувам иницијативата до парламентот, а потоа останува на претседателот на Собранието да ги почитува процедурите и пропишаните рокови“, изјави Мицкоски.

Тој ги повика и пратениците на преостанатите партии од владејачката коалиција околу СДСМ да бидат дел од новото мнозинство.

“Сите оние пратеници кои што веруваат дека оваа катастрофа која што ја предводи денес СДСМ и Зоран Заев е навистина катастрофа се добредојдени да се придружат на оваа иницијатива која што ја започнавме за прогласување односно изгласување на недоверба на владата”, изјави Мицкоски.

Согласно собранискиот Деловник, собраниската расправа за изгласување недоверба на Владата, како и гласањето се одржуваат третиот ден од денот на доставување на иницијативата.

Сподели: