Заев: Повикувам на поддршка на реформите од сите, најавувам инклузивен процес!

Сподели

Медиуми: Г-дине Заев БЕСА не даде поддршка на новото мнозинство. Како ќе го коментирате тој нивни потег?

Заев: Ние денеска издадовме и соопштение, во суштина нашите ставови се точно во тој правец. Драго ми е што договоривме соработка. Соработка за реформите, соработка за важните проекти за Македонија, соработка за `се она што е важно за граѓаните и е од интерес на сите во Р.Македонија. Верувам дека ќе имаме поддршка за реформскиот процес. Јас ги повикувам и нив, но и другите партии да дадат поддршка и на новата Влада, иако тоа е еднократен чин на гласање. Ќе негуваме соработка во периодот и како што рековме денеска оставаме отворени врати, дури и да бидат составен дел на Владата во периодот којшто претстои пред нас. Навистина за одредени мали работи ние не можевме да се договориме од проста причина што едноставно не беше прифатливо за нас. Можеби како одминува времето ќе бидат отворени околности за да се надминат ваквите прашања коишто не поставија во ваква позиција, но всушност нивниот позитивен став кон она што се случува во Македонија предводена од опозицијата, новата реформска Влада ја прифатија како позитивно нешто и тоа ни дава за право да веруваме дека во иднина ќе имаме соработка за реформскиот процес. Но не само за БЕСА, јас сакам да ја повикам и ДПА да даде поддршка, како за Владата, така и за реформите. Сакам да ја повикам ВМРО ДПМНЕ и неговата коалиција да дадат поддршка за реформите заради тоа што не верувам дека за Владата ќе дадат поддршка, но за сето она што е важно за граѓаните да бидат на страната на граѓаните и на унапредување на севкупниот квалитет на живот на сите граѓани. Најавувам инклузивен процес, сакаме да имаме разбирање со сите, на нас ни се важни одлуките во Парламентот да бидат со што е можно поголемо парламентарно мнозинство, заради тоа што тоа е само гаранција дека се земени во предвид сите аспекти на видување на работите коишто ќе бидат од животен интерес за граѓаните на Р.Македонија. Така што од тој аспект одговорот на вашето прашање го дадов, но пред се испраќам порака да ги поддржиме пред се реформските процеси, реков насловот на новата Влада е реформска Влада на Република Македонија.

Медиуми: Вашиот коалициски партнер Ахмети, денеска по средбата порача дека нема некакви доколку има некакви сомневања, дека можат да се проверат низ институциите за кредибилитетот на неговите министри, ќе го направите и вие тоа?

Заев: Секако ќе пуштам писмо до СЈО дали за мене или за мојот Владин кабинет има отворено истраги или некој е кривично гонет или слично или е под обвинителен акт или слично, и тоа е независната правна институција којашто постои во Македонија, но тоа значи дека и во државното Јавно Обвинитество со моментот на таргетирањето кон независнос и неговото постанување како независнот државно Јавно Обвинителство како дел од вкупното правосудство на Република Македонија. Се во тој момент и се во иднина што ќе се покаже дека некој е осомничен под истрага, има обвинителен акт или слично нема да биде составен дел на новата Влада. Така да немаме предрасуди, ако сакаме да ја враќаме правната држава ние мора да бидеме пример. Законот мора еднакво да важи за сите. А политичарите којшто добиле чест и одговорност мора да бидат дополнително плус повеќе пример за законот да важи еднакво за сите.

Медиуми: Господине Заев, може ли да ги кажете и членовите од Алијансата?

Заев: Вечерва Алијасна имаат своја одлука, јас ќе почекам да тие ја соопштат својата одлука, тие се консултира со мене како мандатар за имињата, јас дадов одобрение позитивно за тој дел, штом ќе ја донесат одлуката на своите органи и тела редот е Алијанса за Албанците да го соопшти тоа.

Медиуми: Која е проекцијата кога ќе се гласа Владата?

Заев: Веројатно претседателот на Собранието во договор со сите претставници на политичките партии ќе го утврдат, јас сакам ден поскоро тоа да биде направено. Знам дека согласно Деловник штом се доставан матријалите до архива, претседателот на Собранието е должен да ги достави до сите пратеници и соглансо тоа да ја закаже седницата за избор на Влада. По Деловник колку што сум упатен знам дека 48 часа е правото на дебата за избор на Влада на Република Македонија.

Медиуми: Господине Заев еве и покрај сите ваши напори да се испреговара со сите политички партии, особено од албанскиот политички блок, вие предлагата Влада која зад себе има 62 пратеници. Очекувате ли оваа влада да истера четиригодишен мандат?

Заев: Јас сум убеден во капацитетот на парламентарното мнозинство, согласно тоа јас сум убевед дека ова Влада има капацитет четири годишен. Можеме ние да имаме и 85 пратеници ако неработиме добро за граѓаните, веројатно мандатот ќе биде завршен, и ќе заминат политичарите, сето тоа дел од кругот на траењето на Владата зависи од чесноста, од отвореноста, транспарентноста, од отчетноста пред граѓаните. Зависи од успешноста на политиките, од чувството на граѓаните од успешноста на политиките и на крајот зависи дали ќе го вратиме животот наа Македонија за сите, и дали ќе биде подобрен тој живот за сите граѓани во нашата Република Македонија. Следуваат процеси на реформи, следува процес на унапредување на севкупниот квалитет на живот на граѓаните, економски, но и други аспекти на квалитетот на животот на граѓаните, тоа повеќе зависи од тоа, отколку од вкупниот број на пратеници. 2006 година беше формирана Влада со 65 пратеници, мнозинство, тоа се само 3 пратеници повеќе, Јас верувам во поддршката и на другите пратеници согласно инклузивниот процес којшто ќе го имаме за сетоа она што значи реформи, важни процеси за државата, секогаш ќе се обидувам да доволно имам внимание за аспектите на гледање дури и за нашиот политички опонент за да можам да ги качам на она што значи одлука од позитивен аспкет во интерес на граѓаните, донесена колку што е можно повеќе со консензус.

Медиуми: Ги прифативте предлозите за министри од страна на ДУИ, а дел од тие имиња се добро познати биле дел и од локалната и од извршната власт, за дел од нив има сериозни критики и дали со тие кадри од ДУИ може да се спроведе една реформска политика?

Заев: Секако учествува во разговорите за сите имиња јас сум убеден не само дали мислам туку сум убеден дека новата Влада по структура по капацитет и по кредибилитет, има сериозни огромни шасни да ги спорведе реформите да го унапреди квалитетот на живтот на граѓаните и знам дека е позитивно да се дискутира за секој и од позитивен и од негативен аспект самите луѓе во новата Влада имаат сериозен капацитет во којшто јас верувам, надополнети со своите тимови којшто ќе работат со нив во ресорите ќе бидат сериозен сервис на граѓаните, ќе бидат отчетни пред граѓаните и ќе ги спроведат комплетно сите оние работи којшто граѓаните ги очекуваат од нив и од нивните ресори. Од новите министри очекувам решенија не очекувам комуникација со премиерот за проблеми па да решаваме тука проблеми, решенија, лепеза на решенија заедно со своите тимови, немам намера да бидам министер за се како некој мој претходници што беа. Министрите ќе си ги водат своите проекти и тие ќе си ги промовираат своите успеси и ќе си сносат одговорнсот за своите неуспеси секако и јас како нивни предлагач, како нивни мандатар ја преземам и одговорноста, но и ловориките од тоа што ќе биде успешно спроведена за државата, мојата намера е да се бавам и занимавам со живтот со унапредување на квалитетот на сите, со нови работни места, со повисоки плати за сите, со правата на стопанството за да можат да отворат нови работни места, да ги покачат платите на граѓаните, со реформите и сите детали којшто значат очекувања за сите во нашата земја Република Македонија.