Вести Свет

Почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис

Сподели:

Утрово во 99. година од животот почина поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис, пренесува Anadolu Agency (AA).

Семејството Мицотакис за грчката новинска агенција „ANA-MPA“ потврди дека поранешниот премиер починал еден час по полноќ.

Конзервативниот политичар Мицотакис на чело на грчката влада беше од 1990-1993 година, а беше и пратеник со најдолг стаж во Грција. Во парламентот беше од 1946 до 2004 година, кога се повлече од јавниот живот, со десетгодишен прекин за време на воената хунта во Грција.

Татко е на сегашниот претседател на Новата демократска партија (ND) Кирјакос Мицотакис и поранешената шефица на грчката дипломатија Дора Баројани.

Воената хунта во 1967 година го уапси, но тој успеа да избега во Турција и во егзил живееше до крајот на грчката хунта и до обновата на демократијата во 1974 година, кога се врати во својата татковина и ја продолжи својата политичка кариера.

Сподели: