Вести Изјави Македонија Ударни вести

Заев: Ратификуван е Северноатланскиот договор за пристапување во НАТО

 

“Стратешката определба станува реалност, визијата станува сегашност!
Денес Собранието го ратификува Северноатланскиот договор за пристапување во НАТО, ја ратификува сигурната и стабилна иднина на сегашните и идните генерации. Ве повикувам, со крупни чекори да продолжиме по патот напред, да го забрзаме развојот, да го трансформираме општеството, да ја кренеме македонската економија!

НАТО е гаранција за никогаш повеќе војна и конфликти, гаранција за вечен мир, стабилност и сигурност. Истовремено НАТО значи силна економија, инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Ги повикувам сите 120 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија да бидат на висина на одговорноста што овој историски ден ја носи.”

Изјави, Зоран Заев, 11.февруари, 2020 година.

Сподели: