Заев: Штетата во МНТ ќе ја платат Шверцери или директорката на установата

Сподели

 

“Направената штета во МНТ ќе ја надомести навивачката група „Шверцери“, но ако тие не ја платат, тоа ќе го стори директорката на установата Симона Угриновска”, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

“Штетата ќе биде надоместена, а духовната и етичката штета ќе биде надоместена согласно правилникот за наградување или санкционирање” -додаде премиерот Заев.

Направената штета изнесува скоро 4.000 евра, а навивачката група на фудбалскиот клуб Шкупи кој ја направи за време на прославата на Денот за албанската азбука на 22. ноември, премиерот Заев изјави дека штетата мора да се плати.