Заев : Што ќе се случи ако се поништи Договорот од Преспа, како што заговара ВМРО-ДПМНЕ?

Сподели

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска на прес-конференција реагираше на најавите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Договорот од Преспа со Грција.

„Неодамна, во октомври 2019 година, Христијан Мицкоски за српски медиуми укажа дека ако имаат 2/3 мнозинство, ќе се отворела можноста за чекор назад по однос на договорот, а за македонските медиуми рече дека ќе го укинеле догворот од Преспа. Советничката на Мицкоски, Каракамишева отворено побара да се укинат амандманите во Уставот“, истакна Заев.

Лидерот на владејачката СДСМ кажа дека укинувањето на Преспанскиот договор би значело нови поделби и нови блокади, како и губење на НАТО членството.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со идеите на укинување на договорот од Преспа. Сака да го укине договорот кој не донесе до НАТО и до чекор со ЕУ, рече Заев.