Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Заев: Со чесно работење, за граѓаните, ќе ги биде општините, ќе ја биде Македонија

Сподели:

Македонија беше финансиски урнисана. Покрај системските мерки што ги преземаме за финансиска и економска стабилизација единствен начин да се придвижи напред е преку чесно и одговорно работење и на општините и на централната власт, истакна претседателот Зоран Заев во денешното обраќање пред избраните градоначалници од СДСМ, на обуката во организација на Институтот Прогрес, посветена на развој на јавни политики.

Претседателот Заев пред градоначалниците истакна дека во функционирањето на секоја институција и општина важни се, чесниот пристап, посветеноста на решавањето на проблемите и менаџирањето со финансиите. Затоа, рече Заев, успешноста на еден градоначалник се гледа и преку тоа на каков начин ќе се искористат парите во општините, во интерес на граѓаните.

„Расходниот дел е главна филозофија и успешност на секој градоначалник. Прво, чесност. Ако чесно ја водите општината ќе имате многу повеќе пари. Создадете простор за компетативност, нека конкурираат луѓето. Секогаш компетативноста ќе ви донесе можност да имате повеќе пари за повеќе проекти, спроведени на транспарентен начин.

Сакам во тој дух да знаете дека од 1 декември за сите јавни институции во државата ќе стигнат и препораки до општината или до општините. Не можеме и нема да даваме наредби како Влада, но ќе дадеме препораки за кои што како претседател на СДСМ ќе сакам да ги следите, а тоа се оние што ќе се однесуваат за општините. Секој договор за јавна набавка, после завршена тендерска процедура се склучува и може да почне да се реализира само кога ќе се објави јавно, на веб-страната на општината.

Јавно мора да биде достапен секој договор за јавна набавка. Тоа ќе значи мониторинг и јавен коментар на граѓаните за секој тендер, која фирмата што ќе работи, која е цената, која е постапката во која што е одредена. Ве уверувам дека тоа ќе заштити многу и во вашето работење и генерално како држава.“рече Заев.
На крајот на своето обраќање, претседателот Заев порача дека сите општини, без разлика од која политичка партија доаѓаат градоначалниците, ќе добијат сериозна поддршка од Владата особено во делот на енергетиката и инфраструктурата, а се со цел да се обезбедат соодветни услови за квалитетен живот за сите граѓани.

 

Сподели: