ЕДНА МОЖЕ: Акција “One Made” – Подобар свет за самохраните мајки и нивните дечиња

Сподели

Почитувани,

Во името на единствената компанија за производство и продажба на високо квалитетна козметика од сертифицирани органски и јадливи суровини, “Една прави” која е “ќерка” компанија на Граѓанската Организација “Една може!” од Скопје, единствена во работата за унапредување на правата на еднородителските семејства, со задоволство ја споделувам нашата овогодинешна понуда на козметички гифт боксови за деловни соработници и вработени.

Со купување на козметичките гифт боксови на “Една прави” директно ја поддржувате мисијата на Една може!-подобар свет за самохраните мајки и нивните дечиња и ја стабилизирате одржливоста на единствената активна организација Една може!

Воедно активно допринесувате за зголемување на вработливоста на самохраните мајки во нашата компанија, и со тоа учествувате во креирањето на неприкосновено квалитетните органски, јадливи козметички производи од Македонско потекло.
Еден козметички гифт бокс (универзален, машки, женски, детски clear box…) чини од 360 до 3500 денари, со можност заеднички да го креираме според вашите потреби.
Само за празниците нудиме можност за бесплатни боксови, те, украсувањето ви е од нас. Има можност и за персонализирани честитки.

За нарачки во месец ноември, следува 10% попуст

За дополнителни информации ви стојам на располагање.

Срдечно,
Дороти, дел од тимот на Една прави