Вести Македонија Ударни вести

Заев со честитка до Бајден и Харис: Им посакувам мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат

Сподели:

 

“На претседателот на САД, Џо Бајден и на потпретседателката, Камала Харис им го честитам стапувањето на должност и им посакувам мандат исполнет со успешни политики кои обединуваат. Мандат во кој сум сигурен дека американската демократија ќе биде глобален пример што инспирира, – изјави премиерот Зоран Заев.
 
 
 
 
“Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани”.
 
 
 
 
“Ми беше чест што присуствував на свеченоста што по повод инаугурацијата на 46-тиот претседател на САД, Џо Бајден, ја организираа U.S. Embassy North Macedonia.
 
 
 
Со амбасадорката Брнз ја искористивме приликата да ги потврдиме заедничките заложби за унапредување на стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и Соеднинетите Американски Држави”, – изјави Зоран Заев.
Сподели: