Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска на фб профил напиша дека поднел неотповиклива оставка од функцијата која ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истажувако-научна работа, како и посветеност кон семејството, вели тој.
Денес заокружив едно поглавје од мојата работа на должноста Заменик на министерот во Министерство за образование и наука, со тоа што до Претседателот на Владата на РСМ, г. Христијан Мицкоски ја доставив мојата оставка од функцијата Заменик на министерот во Министерство за образование и наука.
За искажаната доверба и подршка за реализација на ова задача им се заблагодарам на Партијата Алтернатива, на нејзиниот претседател г. Беким Сали, на претходните претседатели г. Африм Гаши и г. Зеќирија Ибрахими, како и на моето семејство и пријатели, напиша Лулзим АЛИУ на официјалниот фб профил.


