ЗАЕВ: Спасовски номиниран за технички премиер од СДСМ во преодната Влада

Сподели

 

По одржувањето на координација на највисокото политичко раководство, по што следуваше седница на извршниот одбор, на крајот ЦО на СДСМ донесе одлука за четири кадровски решенија со кои ќе партиципираат во преодната влада, која ќе трае се до формирањето на политичката влада.

Во тој дел, за претседател на преодната влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи, кој истовремено е и потпретседател на СДСМ. За потпретседател на владата за еконмски прашања избрана е Мила Царовска, деосегашна министерска за труд и социјална политика, исто така потпретседателка на СДСМ.

 

 

За дополнителен заменик министер во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санел Шкријељ, досегашен шеф на кабинет на министерката Мила Царовска.

“За нас овие 100 дена се исклучително значајни, не само затоа што треба да дат придонес овие личности за она што е најсвето а тоа е слободата на правото на избор, кој во секоја демократија е врвно право и ние сме посветени, така што гаранцијата за фер, слободни, демократски, регуларни изброи навистина е обврска на сите граѓани, а власта сака најсериозно да партиципира во обезбедување на чесни, фер и демократски избори. Верувам дека преку сериозноста на ваквите кадровски решенија испраќаме дополнителна порака дека сме сериозна политичка партија која сака сериозно да се посвети на периодот што претстои. Ние на овие избори влегуваме како фаворити и за нас многу се важн и вредностите. Како што гледате, од 4 кандидати, 3 се жени а еден е маж и тоа многу значајно.

 

 

Разговаравме секако и за актуелната политичка состојба, согласно тие разговори дополнително потпретседателите на СДСМ во координација со сите коалициски партнери, вклучително и она што беше важно на прес конференциите на коалициониот партнер со најголем број мандати после СДСМ, а тоа е ДУИ, разговаравме за сите елементи, како дошло до амандманите, што се случило, и веројатно заклучивме дека секогаш кога се носат одлуките треба да ги координираме нашите ангажмани за во иднина и секако разговаравме за математиките кој што добива, а пред се државата, а секако тоа значи дека никој не губи, сепак беа поднесени тие илјадници амандмани од ДУИ, но во делот на образложението кои ги добиле потпретседателите од раководството на ДУИ, јасно е како се случило во делот на амандманите и зошто се случил тој порив, поради одредени стравови на пратениците за којшто секако биле поднесени амандманите” – изјави претседателот на СДСМ, премиерот Зоран Заев.